ПРАВИЛА И ПРОПИСИ
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на вашите потреби како поединец и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработкаа на личните податоци на Република Македонија.
Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи дека ја прифаќате нашата Политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика на приватност, Ве молиме да не го користите веб-сајтот.
Не прифаќаме каква било одговорност за штетите што настанале при склучување договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или неможност за користење на нашата страница или поради одлука која била донесена како резултат на посета на страницата. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови – тие не се правен или стручен совет.
Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Вашето користење на сајтот подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.
КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Ние прибираме информации за Вас кога се регистрирате на нашата веб страна, кога правите нарачка/купувате. Вие можете, исто така, да го посетувате нашиот веб сајт анонимно.
shop.energyfit.com.mk има пристап до основните податоци како име и презиме, телефон, адреса, е-маил, но нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка.
Исто така, нашите сервери може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Вашата IP адреса обично има врска со местото од кое се поврзувате на интернет, како на пр. Вашиот интернет провајдер, Вашата компанија или универзитет.
ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци за платежната картичка се трансмитираат преку Secure Socket Layer (SSL) технологија и потоа се енкриптираат во базата на податоци на провајдерот на платежниот систем (Payment Gateway Database). Пристап кон овие податоци имаа исклучиво авторизирани лица со специјални пристапни права кон системите и се обврзани да ја чуваат тајноста на податоците. Веб сајтот има 256bit SSL енкрипција. Оваа енкрипција се добива исклучиво доколку компанија е верификувана од Осигурителна компанија од Англија.
Оваа политиката за испорака се однесува исклучиво само за производи кои се нарачани преку онлајн продавницата shop.energyfit.com.mk
Вашите податоци не се споделуваат со трети лица.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОДАЖБА
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ
Цената на производите објавени на интернет страната се изразени во Македонски денари и се со вклучен ДДВ и нема никакви скриени трошоци.
Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени.
Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.
Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ке бидат посебно означени како посебни понуди. Количините на производите се ограничени. Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени и/или да ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени по претходна добиена согласност од страна на Потрошувачот.
Потрошувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на интернет страната.
Потрошувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на Потрошувачот.
ИСПОРАКА И ДОСТАВА
Испораката и доставата на производите е 100 денари за нарачки до 2000 денари и е ограничена само на територијата на Р.Македонија.
Испораката и доставата на производите е БЕСПЛАТНА за нарачки над 2000 денари и е ограничена на територијата на Р.Македонија. Испораката ја вршиме од нашите магацини во Прилеп додека доставата ја врши курирска служба. По конфирмирањето на нарачката, преку е-пошта ве известуваме за статусот на Вашата нарачка.
Добивате 2 известувања на е-пошта : Потврда дека Вашата нарачка е примена, 2. Потврда дека производот е испорачан на Вашата адреса.
Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 4 работни дена од моментот на примање на првата потврда (дека Вашата порачка е примена од страна на https://shop.energyfit.com.mk).
За бесплатните испораки ќе бидете дополнително известени за начинот на достава и времетраењето на истата на Вашата е-пошта.
ОБРВЗУВАЧКИ ПОТПИС НА КУПУВАЧОТ
Кога карго службата ќе ви го достави производот/е задолжително е да Ви побара Ваш потпис. Доколку карго службата на првиот обид не Ве добие на впишаната адреса, правилото за испорака до максимум 4 дена прекинува во сила и производ би се доставил тогаш кога службата ќе успее да стапи во контакт со Вас. Доколку во случај во период од 6 дена не воспостават контакт со вас, производот го враќаат назад во Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп. Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп го задржува правото сретствата од купениот производ да не ги враќа, но да обезбеди повторно испорака на производот со повторна доплата за испорака од 100ден на Ваша адреса (Вклучувајќи и производите кои се купени за до 2000 и над 2000 денари).
За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на нашата е-пошта: cont[email protected] или контакт телефон: 389 (0)75 208102,
ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ
Ве молиме имајте во преднид дека доколку нарачката е направена во период на државен празник и неработни денови утврдени со закон Р.Македонија Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп го задржува правото на пролонгирање на денот за достава.
ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 075 208 102 кој е достапен секој работен ден во периодот од 08 часот до 16 часот.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ВРАЌАЊЕ
Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.
Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Целиот процес на враќање или заменување не се заврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.
Потрошувачот има период од 7 денови во кој може да го раскине договорот без образложение на причината и единствениот трошок кој се плаќа од купувачот е директниот трошок за враќање на производот. Во ваков случај на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.
Процедурата која треба да се вратат производите е следна:
• Потрошувачот треба своерачно да креира сметка на нашата продажна веб страна.
• Потврдување на веродостојноста на вметнатите информации.
• Најава на Потрошувачката сметка.
• Потполнување на сите полиња во пределот на Пријави заклучно со приложување на фотографија.
НАПОМЕНА: Сите полиња се обврзувачки да се пополнат.
1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а пред да се изврши достава на нарачаните производи, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.
2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.
3. Доколку Потрошувачот направи нарачка телефонски преку нашиот контакт центар или на некоја социјална мрежа исто така автоматски ги прифаќа правилата на користење/враќање кои се наведени на нашиот веб сајт (процедура за враќање).
Енерџи Фит ДООЕЛ Прилеп го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.
ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.
ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци се трансмитираат преку Secure Socket Layer (SSL).
Веб сајтот има 256bit SSL енкрипција.
Оваа политиката за испорака се однесува исклучиво само за производи кои се нарачани преку онлајн продавницата shop.energyfit.com.mk
Вашите податоци не се споделуваат со трети лица.